еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Рускиот премиер хоспитализиран, заболен е од коронавирусот

Рускиот премиер Михаил Мишустин е хоспитализиран откако соопшти дека е позитивен на новиот коронавирус.

Мишустин (54), кој ја презеде премиерската функција во јануари, му соопштил преку видео повик на рускиот претседател Владимир Путин дека заболел.

– Мојот тест на Ковид-19 е позитивен. Согласно препораките морам да се самоизолирам и да ги следам советите на лекарите, изјавил Мишустин во разговорот со Путин.

Прес службата на премиерот нагласи дека сите кои во изминатите неколку недели биле во контакт со Мишустин ќе бидат изолирани и тестирани на коронавирусот.

Тој истакна дека ќе продолжи да работи како и вообичаено и планира да биде во активен контакт со колегите преку телефон.

Во обраќањето до нацијата, рускиот премиер ги повика граѓаните да останат дома и да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

– Уште еднаш ги молам граѓаните да ја сфатат заканата од инфекција со коронавирусот и неговото ширење со најголема сериозност. Сигурен сум дека заедно можеме да ја победиме оваа зараза и да му се вратиме на нормалниот живот, порача Мишустин.

Путин му посака брзо опоравување на Мишустин, а за вршител на должноста премиер, додека е отсутен, е именуван вицепремиерот Андреј Белоусов.

МИА/Фото: Фејсбук/Мишустин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирусот не е направен од човек, тврдат американски разузнавачи

(ВИДЕО) Со социјална дистанца: Грците не се откажаа од првомајските протести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што откри Викиликс: Зошто Хилари Клинтон му е лута на Асанж

Редакција

(Видео) Отворена албанофобија и навреди за Македонците од страна на бугарските навивачи

Редакција

Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?

Редакција