еМагазин
Image default
Македонија

Руско МНР: Гласачите бојкотираа решенија наметнати од надвор

Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија.

Официјална Москва, како што се посочува, и натаму ја застапува принципиелна позиција дека долгорочно решение може да се најде само меѓу двете земји, без мешање однадвор, и исклучиво во рамките на правниот систем и со широка јавна поддршка.

– Јасно е дека Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми. Тој е контрадикторен со меѓунaроднто право и македонскиот Устав, што беше постојано нагласувано од претседателот на државата Ѓорге Иванов, вклучувајќи го и неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН. Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН внимателно ја следи ситуацијата. Сметаме дека согласно став 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН, резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина треба да бидат разгледани во Советот за безбедност, се вели во соопштенито од руското МНР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вишо обвинителство побарало Мијалков да се ослободи за „Тортура“

Редакција

Мијалков на суд: Продолжува судењето за „Трезор“ на СЈО

Редакција

Одделението за кардиологија во Клиничката болница во Штип повторно почна со работа

Редакција