еМагазин
Image default
Македонија

Рускоска: Јакимовски осомничен за легализација на државно земјиште откупено по драстично пониска цена

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, изјави за МИА шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска.

Според неа, станува збор за неколку пријави што се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легалзиација на времени објекти, што потоа бесправно биле градени, исто така, спротивно на законот.

-Станува збор за злоупотреба на службена положба и овластувања, став 5 во врска со член 45, бидејќи станува збор за продолжено кривично дело, изјави Рускоска.

Поранешниот градоначалник на Карпош утринава беше приведен и изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Со него се приведени уште две лица, вработени во Општина Карпош. Постапката е покрената од Основното јавно обвинителство, од каде се најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите оттаму, за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.

МИА/ Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за Јакимовски, приведени се уште две лица

МВР го уапси Стевчо Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одобри набавка на лесни оклопни возила од САД

Редакција

Адвокатот Миланов за сведочењето на лекарите од КАРИЛ за смртта на Денис Тот: Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата

Редакција

702 санкции за неносење заштитна маска

Редакција