еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Рускоска: Ако има дополнителени докази, можна нова постапка за „27 април“

Јавната обвинителка Вилма Русковска денеска изјави дека се прибираат докази за лицата кои беа дополнително споменати на судењето за случувањата во Собранието за 27 април, оти, како што рече, не може да се поведе постапка само врз основа на исказ на еден обвинет.

Таа потенцира и дека ако има докази нема да има проширување на постапката, туку оти може да има комплетно нова.

-Врз база на сведочењата за случувањата на 27 април, за лицата кои беа дополнително споменати се прибираат докази, затоа што знаете дека само врз база на изјава на еден обвинет не може да се води постапка. Не може да се води постапка, ниту врз база на изјава на еден сведок ако нема материјални докази, рече Рускоска одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата за борба против корупцијата.

Таа потенцира и дека нема да има проширување, туку оти евентуално може да има нова постапка.

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола

Редакција

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Редакција

Вкупнo 82 смртни случаи од корона вирусот: Почина уште еден пациент со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста

Редакција