еМагазин
Image default
Македонија

Рускоска: До крајот на мај обвинение за организаторите на „27 април“

Најдоцна до крајот на мај очекувам да биде подигнато обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, но не очекувам дека во скоро време ќе ми се пружи прилика да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, порача денеска Вилма Рускоска, обвинителката од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата, изјави Рускоска по завршувањето на промоцијата на Twinning Light проектот Стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Таа не сакаше да прецизира каков е профилот на сведоците кои ги сослушала.

Во врска со реакциите на дел од притворените за случајот кои сметаат дека притворот им е неосновано одреден и предолг и оти досега немаат увид во доказите, Рускоска рече дека Судот треба да оцени дали притворот е основан или не.

-Јас сметам дека е основано одреден. Се работи за многу сериозно кривично дело со една обемна доказна и истражна постапка. Право на секој е да поднесе апликација до Судот во Стразбур, само не верувам дека било кој суд за ваков вид кривично дело би рекол дека четири месеци притвор е предлог притвор, потенцира Рускоска.

Посочи дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собранието кој е во бегство во Шведска.

-Вчера ги дадовме доказите на превод и кога ќе биде готов преводот на доказите и се она што се бара во постапка  за екстрадиција веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда, прецизира Рускоска.

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Балистичари вкрстено ќе бидат испрашувани за „Монструм“

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник 2“ во кој е обвинет и Мијалков

Редакција

Мицкоски: Со Заев има шанса само да констатираме дека договорот за името е мртов

Редакција