еМагазин
Image default
Македонија

Рускоска очекува и други да признаат вина за „Рекет“

Очекував повеќе признанија за вина, не само од еден, истакна денеска обвинителката Вилма Рускоска по завршувањето на судењето за одвоената постапка за предметот „Рекет“ во кој обвинетиот Зоран Милески – Кичеец призна вина, за разлика од првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и второобвинетата Катица Јанева, кои се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителката пред новинарите рече дека се познава со мајката на Боки 13 со каја биле иста генерација и се познавале од прво одделение.

– Јас лично Боки го запознав кога првпат отидов да гостувам на таа телевизија, а во ресторан сум била со него само кога беше прославата на 1ТВ и толку од нашите седења и дружења по ресторани. Сето она друго што го кажа е невистина, истакна Рускоска.

Во однос на исказот на Боки 12 дека таа му обезбедила некакви информации, обвинителката рече дека не му дала никакви информации и дека новинарите треба да бидат сигурни во тоа.

За изјавата дека камерите во домот на Јовановски ќе докажат каде се парите, Рускоска рече дека не знае дали тоа вештачење е завршено и дека доколку е така „ќе биде добро доколку се утврди каде завршиле парите“.

Обвинителката, на прашање на новинарите за пораката на Јанева до судиите да не се плашат од Рускоска, рече дека поранешната специјална обвинителка не е во ситуација на никого да порачува дали да се плаши или не.

За почетокот на воведниот збор каде го споредио предметот „Рекет“ со филмот „Чарлиевите ангели“, обвинителката Рускоска рече дека таа направила аналогија со тој филм.

-Секако дека сум го гледала, но не сум ја гледала македонската верзија, документарецот што тие си ја снимаа за себе и затоа почнав со Чарлиевите ангели, мислејќи на документарецот, рече Рускосска.

Судењето за предметот „Рекет“ продолжува на 6 декеври годинава, додека пресудата за издвоената постапка во која Зортан Милевски – Кичеец призна вина, ќе биде изречена утре напладне.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева до судијката на судењето за „Рекет“: Се надевам дека не се плашите од заканите на Рускоска за „тресење од гаќи“

Боки 13: Преку „Рекет“ се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи

Рускоска на судењето за „Рекет“ на Јанева и кажа дека згрешила од алчност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на ДИК, Дерковски оцени дека изборниот ден поминал одлично со мали исклучоци

Редакција

Поднесени 13 приговори до ДИК за гласањето и за сумирањето на резултатите од изборите

Редакција

Османи во посета на Киев, ќе се сретне со украинскиот колега Кулеба

Редакција