еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска во завршните зборови за “Рекет“: Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“.

Според неа, Јанева со своите Чарлиеви ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото.

Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во “Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон.

Дел од завршните зборови на Обвинителството во предметот „Рекет”, беа и разговорите меѓу сега осудениот Зоран Милески-Кичеец и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, каде овој му вели на Кичеец дека сметките на Камчев нема да бидат замрзнати.

– Нормално, ако му замрзнати сметките од каде ќе се врши исплатата, искоментира обвинителката Рускоска.

Исказот на сведокот, бизнисменот Томе Главчев, од Гевгелија, исто така беше опфатен во завршните зборови на Обвинителството, делот каде што тој изјави пред судот дека бил скаран со обвинетата Јанева, односно дека цената за рекламирање во 1ТВ, се покачила по неговиот притвор предложен од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На денешното рочиште за првиот предмет во историјата на правосудството каде обвинет е и еден обвинител, обвинителката Рускоска, го наведе и исказот на новинарот на 1ТВ, Кристијан Баневски, кој пред суд рече дека кога го прашал обвинетиот Јовановски, дали одреден бизнисмен го рекетират, тој му одговорил дека од нешто мора да се живее.

Во дополнение на доказна постапка одбраната на Јанева, достави доказ дека поднела приватна кривична тужба против Јовановски, за неовластено снимање.

Рускоска, овие снимки ги толкуваше како вистинити и дека е вистина дека обвинетата Јанева, зела пари од обвинетиот Јовановски.

Таа исто потенцира дека Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, нема намера никого да штити.

– Ако и јас сум направила кривично дело, и јас треба да одговорам. Не е вистина дека сум имала аномозитет за Катица Јанева. Од почетокот сум ја подржала Катица Јанева и цело СЈО. Но, аномозитотот за Јанева, почна по истражна постапка за овој предмет, рече Рускоска.

И торбата Луј Витон, се спомна во завршните зборови која, според Рускоска, завршила во домот на родителите на обвинетиот Јовановски.

Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чантата „Луј Витон” е кај родителите на Боки 13 или е вратена кај Камчев?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: За што е осомничена Катица Јанева и со какви докази докази располага Обвинителството

Редакција

Македонците од Албанија гневни на Бугарија, го злоупотребувала здравјето на луѓето за да ги прави Бугари

Редакција

Одлуката за Македонија да помине низ Националното собрание договорија коалициските партнери во бугарската Влада по вонредниот совет

Редакција