еМагазин
Image default
Политика

Рускоска: За тројца од поранешниве министри и заменик бараме мерка притвор, а за еден поради здравствени причини куќен притвор

Јавното обвинителство бара притвор за тројца и куќен притвор за еден од четворицата поранешни министри и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Ова го изјави денеска пред Кривичниот суд јавната обвинителка, Вилма Русковска.

– За тројца бараме мерка притвор, а за еден поради здравствени причини, затоа што донесе медицинска документација, го преиначив предлогот од притвор во мерка куќен притвор, објасни Русковска.

Посочи дека станува збор за истражна постапка и не може да кажува имиња.

– Се сомничат дека во времето додека биле министри и заменик министер склучувале договори за давање земјоделско земјиште под закуп, закупците не го плаќале закупот, а тие не преземале мерки за раскинување на договорите. Треба на јавноста да и кажеме дека единствен овластен за потпишување на договор за закуп и за раскинување на договор за закуп според Законот е министерот, изјави Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра), информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер Димовски си замина, останатите тројца осомничени се уште се во Кривичниот суд

„Уапсени поранешни министри. Ако се по барање на СЈО пуштете ги со време„: Твитер се „вжешти„

МВР со детали: За што се товарат поранешните министри за земјоделство?

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Тотал“ одложено поради промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“

Редакција

Мицкоски најави иницијатива пред Уставен за законот за јазиците и учество на претседателските избори

Редакција

И сексуалната ориентација треба да биде вклучена во законот против дискриминација, велат од Европската Комисија

Редакција