еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска: Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски

Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска по објавувањето на пресудите за случајот „Рекет“.

Русковска најави жалба и за двете пресуди, но откако ќе ја добие на писмено пресудата.

Прашана дали е задоволна од тоа како заврши предметот, со оглед дека не се најде одговор каде завршиле парите, Русковска, рече дека за осудителната пресуда веќе рекла дека не е задоволна со висината, особено за Бојан Јовановски.

– Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, со оглед на тоа се што си купувал без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирањето на медиумска куќа, изјави таа.

Во однос на истрагата за „Империја“, Русковска рече дека на истрагата интензивно се работело, но сега поради корона вирусот се уште не работат со странки.

– Стварно не знам уште колку ќе треба до завршување на истрагата. Предметот „Империја“ ако не го сметаме овој период со корона вирусот е релативно кратко време преземен од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Зошто толку време требало додека се уште беше во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) мене стварно не ми е познато, изјави Русковска.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, и порача Боки 13 на судијката Николовска-Масевска

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израел и Хамас се договорија за четиридневен прекин на огнот и ослободување на дел од заложниците

Редакција

(Фото) Пендаровски ја поклони книгата „Македонија е се што имаме“ од Глигоров на библиотеката на Парискиот мировен форум

Редакција

(Галерија) Србија покажа какво оружје има

Редакција