еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Бојан Јовановски изнесе многу работи за кои нема никаков доказ и никакви аргументи така што апсолутно не верувам во тоа што го изјави денеска, рече обвинителката Вилма Рускоска, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за „Рекет“, отфрлајќи ги како невистинити и обвинувањата изнесени од – Боки 13 дека таа наводно давала информации за истраги.

– Од целиот исказ на Јовановски во најголем дел тоа што го кажа не е вистина. Никогаш во јавност не протекувале информации од предмети што се воделе во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а особено никој не се пожалил дека му биле барани пари во кој било предмет на ова обвинителство, рече Рускоска, по завршувањето на рочиштето на кое даваше исказ одбраната.

За тврдењата од страна на Јовановски дека неговиот мобилен телефон воопшто не бил вештачен, таа појасни дека законски терминот е „се екстрахираат“ податоците од телефонот, а потоа се прави анализа на тие податоци, а одбраната на Јовановски го користела терминот вештачење што е во суштина, вели, исто. Кој било што тие би го ангажирале, вели, ќе го направеше истото.

– За торбата за која тврдеше дека ја видел кога Милески ја земал и после 2-3 дена кога Милески ја вратил, во анализата на неговиот телефонски уред има слика, точно локација каде што живеат родителите на Јовановски, точно време, торбата е внатре и имаме и време и локациски и е нешто што се совпаѓа со тоа дека од кај Камчев торбата завршува во куќата каде што живеат родителите на Бојан Јовановски. Тој доказ беше и презентиран и доставен до судот, рече обвинителката.

Запрашана за тоа зошто одбраната ниту обвинителството не го повикале да сведочи Зоран Милески Кичеец за торбата, Рускоска рече дека тоа е резултат на проценка, а нејзина проценка била дека има доволно докази за овој предмет.

– Секој дополнителен сведок што треба да се викне само доведува до одолговлекување на постапката. Од тие причини јас лично не ценев дека треба тој да биде повикан.

Но, искрено очекував дека одбраната ќе го повика да сведочи, а сега ми е јасно и зошто не го повикаа да сведочи. Целата одбрана на Јовановски се сведуваше на обвинувања кон Зоран Милески.

Доколку тие го повикаа сигурно немаше да може Бојан Јовановски на овој начин да ја дава својата одбрана, вели децидно Рускоска.

Таа повтори дека не верува во исказите што Јовановски ги дал денеска.

– Како обвинител секогаш се водам од тоа за што имаш докази, а секој може сешто да каже, особено ако некој не е тука да си ја каже својата одбрана и дали тоа е точно или не, изјави Рускоска.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 на судењето за „Рекет“: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

Боки 13 на судењето за “Рекет“: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охрид на корона вирусот позитивни 15, во Струга 55 лица

Редакција

Реципрочни економски мерки од Русија за „непријателските земји“ меѓу кои е и Македонија

Редакција

Законот за амнестија строга тајна: Од што се плаши власта?

Редакција