еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Мицкоски нека ме пријави во Советот на јавните обвинители, ако има замерка на моето постапување

Како многу невкусно го оцени користењето лични имиња обвинителката Вилма Русковска, во врска со вчерашната прозивка од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на „Граѓанскиот протест против неправдата“, посочи дека таа работи за лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

-Мислам дека е многу невкусно лични имиња да се користат во предизборна кампања. Доколку кој било има замерка на моето постапување тоа треба да го пријави. Ако нема доверба во јавниот обвинител на Република Македонија, тогаш до Советот на јавните обвинители, рече Русковска во врска со вчерашниот говор на Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера на протестот рече дека ниту денес, ниту утре кога граѓаните ќе им дадат мандат „нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт, ниту да попречам правда за кого било“.

– Бараме покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, кој се меша во обвинителски и судски постапки и одлуки на Врховниот суд. Истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Зоран Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност, рече Мицкоски.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Голема посетеност на протестот за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара истрага за Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фајненшел тајмс“: Поради Македонија и корупцијата, Борисов ја внесе Бугарија во проблематичната група во ЕУ

Редакција

Двата дена од продолжениот распуст ќе се надоместат во јуни

Редакција

Кривична од Антикорупциска за Мерко, незаконски поставил директорка на училиште во Струга

Редакција