еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Премиерот Заев беше викнат во својство на сведок, не како вешто лице да дава свое мислење

Премиерот Зоран Заев денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите. Апсолутно не се сложувам со изјавата дека биле изманипулирани, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Обвинетите, посочи таа, не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.

„Се надевам дека судот при носење на одлука ќе ги цени како материјалните докази што беа предложени од Обвинителството, што ќе бидат предложени од страна на одбраната, така и изјавата на сведоците, па врз основа на сето тоа дека ќе донесе правилна и законита одлука“, изјави Русковска.

Во однос на тоа дали премиерот Зоран Заев досега споделил нешто вакво со неа, со оглед дека беше сведок и во претходната постапка, Русковска, рече дека денеска се појави во својство на сведок на одбраната.

Прашана дали ќе отвори истрага по исказот на Заев, Русковска, рече дека тој дал свое мислење, и не може да се отвори истрага за дадено мислење.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Заев: Главен организатор на „27 април“ е Груевски, а не Јанакиески, Ристовски и Вељановски

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“, како сведок е повикан Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска има забрана за напуштање на живеалиштето и престојувалиштето до извршување на казната

Редакција

Маричиќ: Грчките власти не можат да ги лоцираат Грујевски и Бошковски

Редакција

Од Ковид-19 починале 22 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција