еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Има истраги за функционери за ИПА-фондовите и за други случаи, помеѓу кои и судија

Во претресите што се спроведени во Италија во врска со случајот за злоупотреба на ИПА -фондовите, за што се сомничат државниот секретар на Министерстото за информатичко општество и администрација и поранешен вработен во истото министерство, се пронајдени докази кои ќе служат во постапката што се води против нашите државјани.

Ова го изјави денеска обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која денеска во Скопје учествуваше на Конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организирам криминал“.

Неофицијално истрага за злоупотреба на ИПА-фондовите се води против Јахи Јахиу, државен секретар во МИОА од редовите на ДУИ и Јасмина Гелеска од Скопје која била раководител на сектор во министерството. Тие се сомничат за примање покуп при избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.

Русковска напомена дека е рано да се каже што има во запленетите материјали, пред се во комјутерите и мобилните телефони и додаде дека ќе треба да се почека вештачењето.

Таа нагласи дека се уште нема осомничени од фирмите во земјава во кои е вршен претрес и додаде дека треба време за да се подготват сите докази, а потоа ќе се согледа дали истрагата ќе се прошири и на други осомничени.

Во врска со тоа дали има истраги за ИПА-фондовите или други злоупотреби против други функционери таа вели дека во тек се предистражни и истражни постапки за определени функционери и тоа пред се за економски криминал и копруција, а во моментов се гони, како што рече, барем еден судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да се прочешлаат сите тендери за ИПА проекти, слонови ќе најдат. Јахи е капка во морето“: Твитер реакции

Детали за апсењето на државниот секретар: Јахи Јахија зел мито од 37.930 евра

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведок на судењето за „Плацеви на Водно: Лично Коце Трајановски ме однесе во „жолтата зграда“ и донирав 300.000 денари

Редакција

Кој е д-р Арменд Арслани, новиот заменик-министер за здравство

Редакција

Пецаков најави кривична пријава за клевета и несовесно работење за ДСЗИ и Бухова

Редакција