еМагазин
Image default
Македонија

Русковска за „360 степени“: Сите што сакаат да ме пријават нека ги достават доказите до МВР!

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ги повикува оние што имаат докази за некаков криминал да поднесат пријава против неа, откако денеска обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, излезе со обвинувања кон обвинителката, пишува „360 степени“.

„Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР“, вели Русковска.

На денешното рочиште за „Рекет“, Боки 13 изјави дека: „има докази за криминал на Вилма Русковска во износ од 4 милиони евра“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Лила не открива зошто веќе не е пријателка со Боки 13

„Рекет“ продолжува утре: Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови имиња во партиските органи на ДУИ: Се е менливо освен лидерот Али Ахмети

Редакција

Рускиот амбасадор во Атина: Членството на Македонија во НАТО не може да биде фактор на стабилност

Редакција

Антикорупциска донесе одлука за запирање на предметот против екс-претседателот Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата

Редакција