еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска: Партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал насилниот упад во Собрание

По опсежна предистражна постапка вчера е донесена наредба за истражна постапка против организаторите на настаните од 27-ми април.

Се работи за пет осомничени лица Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На денешната заедничка прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, информираа дека организаторите и извршителите се товарат за исто кривично дело 313 од кривичниот законик, како оценка на Обвинителството.

Најавија дека може да има и проширување на истрагата доколку се обезбедат и други докази освен изјава на еден обвинет или на еден сведок.

Тие посочија дека во истрагата не се користени ПИ- мерки, но истрагата е тајна и не можат да се презентираат докази.

Обвинителката Русковска апелираше да се почитува начелото на презумпција на невиност и одговарајќи на новинарското прашање дали после амнестијата за пратениците процесот нема да биде селективен, потенцира дека во Законот за амнестија, не е амнестирано кривично дело, туку се амнестирани поединечни дејствија. Од тие причини, подвлече, не смета дека Законот за амнестија би бил каква било пречка, а во него е наведено дека не важи за организатори.

–  Осомничениот Н.Г, тогаш претседател на политичка партија заедно со уште двајца осомничени ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети С.Р и М.Ј за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура на таа политичка партија и материјални средства.

Цело време течела координација помеѓу нив и градските, месните и општинските комитети и изборните единици, при што се давале насоки и се повикувало членството на масовни протести, а исто така и критичниот ден за масовност и влегување внатре во Собранието, појасни Русковска.

Прашана како ќе се обезбеди присуството на Н. Г. таа напомена дека се работи веќе за истражна постапка и доказите ќе бидат испратени до судот, а тој поднесува барање за екстрадиција до Министерството за правда.

Обвинителката Русковска очекува грчките надлежни власти позитивно да одговорат на барање за екстрадиција на осомничениот Н.Б..

– Сметам дека надлежните органи во Грција ќе удоволат на барањето за негова екстрадиција од причина што, колку што ми е познато, екстрадицијата ја одбија затоа што за тоа дело веќе бил помилуван. За ова кривично дело не е помилуван и очекувам надлежните власти да одговорат позитивно на нашето барање за екстрадиција, рече обвинителката.

На прашањето дали ќе се случеше 27-ми април доколку не се отворија собраниските врати, Русковска рече дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан.

Државниот јавен обвинител Јовески напомена дека станува збор за исклучително сложена постапка. За определено документирање на доказите, нагласи, им било потребно значително време, пред се во делот на вештачењето на одредени телефони и содржината на записите.

За вмешаност во настаните од 27 април вчера беше приведен поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, како и поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристоски.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

„Полека, полека, Шутка ко Халкидики станува. Исто друштво, иста забава“: Твитер за приведувањето на Јанакиески, Вељаноски и Ристоски

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор и за Ристоски, Вељаноски има пратенички имунитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Стартува „Одлучен удар 21”: Војници од Македонија, САД, Бугарија и Грција на заедничка вежба на Криволак

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ собра 25.000 потписи против одржување на пописот, продолжуваат и денеска

Редакција

Првата дама се огласи со апел за лажниот профил: За побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања

Редакција