еМагазин
Image default
Македонија

Рустеми два часа одговараше за „Рекет“: Немав притисоци каков исказ да дадам

Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по неговото двочасовно сведочење во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Рустеми е трет обвинител од СЈО, што е сослушан за случајот „Рекет“, откако од почетокот на неделата беа сослушани неговите колешки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова.

„Дадов изјава во својство на сведок во случајот „Рекет“ во врска со прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои што се интересираше обвинителката, ги дадов сите информации. Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка““, изјави Рустеми.

Прашан дали се точни информациите дека добиле закани од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека „ќе пропаднат заедно со неа“, Рустеми рече дека тој не чувствувал сериозно влијание за неговиот исказ денеска и доколку имало влијаење тоа ќе го пријавел.

„Јас не чувствував сериозно влијание за мојот исказ што го дадов денеска. Во спротивно, јас би пријавил ако некој влијаеше што да кажам“, изјави Рустеми.

Во однос на истрагата за „Поштенска банка“, Рустеми рече дека таа привршува и ќе одлучат кога ќе се преземат следните чекори.

Прашан зошто претходно не пријавиле доколку имале несогласувања, Рустеми само кратко рече дека летово немало такво барање.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има само Мерцедес: Каков имот пријавил обвинителот од СЈО, Бурим Рустем, кој треба да сведочи за „Рекет“

„Се извинувам обвинителке Фетаи, ќе морам уште еднаш да ве претресам“: Твитер „врие“ од шеги за Фатиме и Јанева

Во СЈО фали уште да се „испотепаат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На ден пред распуштањето: Собранието денеска треба да гласа за Законот за ЈО

Редакција

Нема нови тестирани на корона вирусот, на Деве Баир доаѓаат туристи од Јапонија и Сингапур кои ќе бидат прегледани од епидемиолози

Редакција

Корона вирусот „влезе“ во Психијатриската болница во Демир Хисар: Заболени 17 пациенти и двајца вработени

Редакција