еМагазин
Image default
Македонија

СЈО бара на следното судење за „Тортура“, Камчев да биде донесен со полиција, бизнисменот вели дека не добил покана

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште за „Тортура“ побара за следното судење бизнисменот Орце Камчев, кој е сведок во случајот, да биде донесен со полиција, откако денеска не се појави во судница.

Според судијката Александра Ристеска, Камчев уредно ја примил судската покана.

Камчев пак вели дека не добил покана.

„Во врска со наводните тврдења во медиумите дека сум бил уредно повикан, а не сум се појавил на рочиште како сведок за случајот „Тортура”, под полна морална и кривична одговорност Ве известувам дека ниту мене лично, ниту на било кој друг начин не е доставена покана за присуство на наведеното рочиште.

Доколку бев уредно повикан, и ја имав примено поканата нема причина поради која што не би се јавил во судот како сведок за случајот”, стои во неговата реакција.

Денешното рочиште за „Тортура“ се одложи, бидејќи во судница не се појави обвинетиот Метуш Шабани, бидејќи како што објасни неговиот адвокат, тој имал здравствени проблеми.

Случајот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостаток на реформи, вели бугарскиот претседател Радев

Редакција

Заев: За законот за СЈО, застанати се работите

Редакција

Левица најави тужби до Управен суд, бидејќи ДИК ги отфрли нивните 1.982 приговори

Редакција