еМагазин
Image default
Македонија

СЈО ќе поднесе жалба за пресудата за Латас и неговите браќа

Обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска нагласи дека Обвинителството ќе поднесе жалба за пресудата, со која што Судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот „Тревник“.

– Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепени со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи. Ќе се произнесеме, се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел Судот. Во секој случај за нас како Обвинителство, сметам дека обвинението е основано, истакна Јосифовска.

Наведе дека ќе се жалат, посочувајќи дека тоа е правен механизам со кој моижат да реагираат во вакви ситуации.

На новинарското прашање во однос на тоа дека судијката констатирала дека не постои кривично дело, обвинителката рече дека во врска со тоа секако ќе се произнесат со писмена жалба.

– Во однос на тој став на Судот секако ќе се произнесеме во писмената жалба. Во моментов можам да кажам дека во овој случај не е спроведена постапката за легализација, што го констатираше и самиот суд. Се работи за една процедува којашто согласно законските прописи требало да тече на поинаков начин. Најпрво се вади одобрение за градење, потоа се почнува со градба. Мислам дека и судот констатира дека во одреден период се градело без одобрение. Тоа што не реагирале соодветните институции не е основ за исклучување на кривичната одговорност на обвинетите кои беа во овој процес, потенцираше Јосифовска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Латас и неговите браќа прогласени за невини, трошоците за судската постапка ќе ги плати државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политички летен распуст: Судбината на СЈО пред пратениците дури на 27 август

Редакција

Казнети 304 лица за неносење маска

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Редакција