еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СЈО: Груевски и Божиновски му овозможиле на „Бетон“ бесправно да го изгради седиштето на партијата

СЈО за предметот „Талир“ поднесе обвинение за изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ  против обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи, соопштуваат од СЈО.

„За реализирање на оваа цел обвинетите ја искористиле состојбата на зависност во која се наоѓало правното лице ДГ Бетон АД Скопје во однос на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека над 75% од приходите кои ги остварило правното лице во 2011 и 2012 година биле од државни органи, единици на локална самоуправа или јавни претпријатија раководени од функционери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што за правното лице ДГ Бетон АД Скопје важеле ограничувањата од Законот за финансирање на политички партии, сепак обвинетите договориле несразмерна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на обврските кои ги имало правното лице ДГ Бетон АД Скопје, овозможувајќи му да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кое имало инвестициска вредност од 424.733.242,00 денари, односно 6.906.231 евра, како и да уплати на жиро сметката на партијата износ од 132.573.582,00 денари, односно 2.155.668 евра, иако вложувањата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ изнесувале само 50.142.400,00 денари, односно 815.323 евра.

На ваков начин, а спротивно на законските прописи, обвинетите прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424,00 денари, односно 8.246.576 евра.

И кон ова обвинение исто така поднесен е предлог за определување мерка притвор против првообвинетиот Никола Груевски.

Како што ѝ е веќе познато на јавноста, на барање на ова Јавно обвинителство Основниот суд Скопје 1 – Скопје на 31.10.2018 година донесе решенија со кои се определени привремени мерки-судска забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека и забрана за располагање со давање под закуп со прибелешка на забраната во јавна книга за 68 имоти на политичката партија ВМРО ДПМНЕ низ земјата, како и за седиштето на политичката партија ВМРО ДПМНЕ во Скопје, а се однесуваат на имот стекнат во периодот од 2013 до крајот на 2015 година за кој постои основано сомнение дека е стекнат со противправните дејствија опишани во поднесените обвиненија и кои мерки се уште се во сила“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЈО поднесе обвиненија против Груевски, Божиновски, Јанакиевски, Илија Димовски за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО поднесе обвиненија за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изградба на седиштето на партијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи за Јанева: Секој што се огрешил мора да одговара

Редакција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмногу три мандати, Груевски веќе не е почесен претседател

Редакција

„Егзекјутив срч лизинг“ го доби тендерот на Општина Кисела Вода за привремени вработувања вреден 351.000 евра

Редакција