еМагазин
Image default
Македонија

СЈО и официјално е историја, Јовески уверува дека предметите ќе добијат завршница

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Законските решенија, како што посочува, содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење на сторителите на кривични дела.

Во врска со предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Јовески вели дека Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна.

-Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница, нагласува државниот јавен обвинител.

Здравствената криза, како што вели Јовески, донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, што беше наметнато од приоритетот да се обезбеди здравјето на сите лица инволвирани во постапките. Тој напомнува дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена. 

Ви пренесуваме дел од интервјуто:

Обвинителе Јовески за релативно кратко време беше донесена пресуда за случајот „Рекет“? Судскиот процес заврши за шест месеци. За разлика од овој предмет, некои од случаите што ги поведе поранешното СЈО, а и презеде Јавното обвинителсто за организиран криминал и корупција се во застој или одложени, со образложение дека нема услови за судење поради корона кризата.  До каде се тие случаи и кога може да се очекува нивно продолжување?

Јовески: Обвинителите континуирано постапуваат по сите предмети. Зависно од фазата во која беше преземен секој од предметите, се продолжи со дејствијата и постапките течат.

Здравствената криза донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, што беше наметнато од приоритетот да се обезбеди здравјето на сите лица инволвирани во постапките.

Напомнувам дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена.

Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО.

Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ленче Ристоска со емотивна порака за последниот работен ден на вработените во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Редакција

МВР преку фирмата „Финзи“ поскапо ја купило опремата за УБК, посочија од Обвинителството во завршните зборови за „Трезор“

Редакција

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Редакција