еМагазин
Image default
Македонија

СЈО: Имавме сознанија за опасност од бегство на Јанакиески и Божиновски уште на 2 јули 2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во денешното појаснување за притворот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски за случајот „Титаник“, истакнува дека опасноста од нивно бегство била констатирана од Кривичниот совет уште на 2. јули 2017 година.

„Во врска со Решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кои им се определени мерки притвор на обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, во рамки на предметот познат во јавноста како „Титаник”, ѝ појаснуваме на јавноста дека опасноста од бегство кај двајцата обвинети е констатирана од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со Решенијата донесени уште на 2-ри јули 2017 година кога на обвинетите им се определени мерки на претпазливост – одземање на патните исправи за преминување на државната граница и дипломатските патни исправи, како и обврска истите да се јавуваат секој работен петок во судот“, се наведува во соопштението од СЈО.

На предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, како што стои во соопштението, имајќи ги предвид сознанијата дека обвинетите планираат бегство како околности кои укажуваат на основана опасност за нивно бегство, констатира дека целите на мерките за обезбедување на присуство на двајцата обвинети во текот на оваа постапка не можат да се постигнат со дотогашните определени мерки на претпазливост, од кои причини донесе одлуки за изрекување на мерка притвор за двете лица, како неопходна мерка за непречено водење на кривичната постапка и обезбедување нивно присуство.

Јанакиески и Божиновски, по барање на СЈО, а по наредба на Кривичниот суд, беа приведени на 14 месецов. На двајцата им е определен 30-дневен притвор. Освен во „Титаник“ тие се обвинети и во други предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов ги повика МВР и УБК да одговорат врз основа на што го следат

Иванов: Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески

СЈО: Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 повторно побара иземање на Русковска

Редакција

Филипче: Нема лек за Ковид-19, терапија само од матичен лекар

Редакција

Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини, вели Спасовски

Редакција