еМагазин
Image default
Македонија

СЈО: „Бомбите“ на „Ел чека“ не се од СЈО

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со написите објавени во дел од медиумите и различните толкувања на вчерашната изјава на специјалната јавна обвинителка денеска преку соопштение нагласува дека новообјавените разговори на Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека“ не потекнуваат од СЈО.

– Во оваа смисла, ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите.

Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Северна Македонија и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, велат од СЈО.

Оттаму ги повикуваат сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите да ги достават до СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите со куп препораки кои книги да ги прочита Катица Јанева

Дел ги има и СЈО: Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

Јанева дала одобрение да му биде вратен пасошот на Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови кластери на заболени од корона вирусот низ тетовскиот регион

Редакција

Хрватскиот претседател Милановиќ и возврати на Бугарија: Доста ја „шутиравте“ Македонија

Редакција

Македонскиот политичар Стерјовски не освои доволно гласови за нов пратенички мандат во албанскиот Парламент

Редакција