еМагазин
Image default
Македонија

СЈО се уште ги анализира снимките на Захир Бекири викан Чауш и Имер Бекири

Од вкупниот број на воспоставените процедури и динамика на преслушување, анализа и обработка на вкупно 606.555 аудио фајлови со кои располага Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите продолжи и во текот на извештајниот период 15 март-15 септмеври 2018 при што заклучно со поднесувањето на извештајот предмет на анализа била содржината на 545.900 аудио фајлови, односно во обработка се 90% од вкупниот број на аудио фајлови со кои располага ова Јавно обвинителство, се вели во најновиот извештај на СЈО.

„Утврдената динамика на анализа и обработка на материјалите ќе продолжи и во претстојниот период. При анализа и обработката на материјалите се постапува согласно воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија и други лица, гарантирана со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот

И во рамки на шестиот извештаен период како дел од обработката на аудио материјалите е и процесот на одвојување на приватните разговори од разговорите кои се предмет на натамошна обработка. анализирани разговори 545 900, во овој период дополнително се издвоени уште 50.000 приватни разговори, односно заклучно со поднесувањето на овој извештај издвоени се вкупно 243.753 аудио фајлови за кои се утврди дека станува збор за приватни разговори.

Покрај наведеното, во временскиот период од 15-ти март 2018 година до 15-ти септември 2018 година продолжи процесот на анализа на повеќе од 100.000 аудио фајлови прибавени при спроведени претреси со цел утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите.

Воедно, сеуште трае процесот на анализирање на форензичките копии од предметот против Захир Бекири викан Чауш и Имер Бекири, доставен од страна на Основното јавно обвинителство Скопје со цел утврдување на бројот на разговори кои се предмет на незаконското следење на комуникациите“, пишува во извештајот на СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа 395 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Минатата недела за 2,3 пати помалку починати од Ковид-19

Редакција

Боки 13 од Русковска дознал дека истрагата за него е завршена и не дал исказ

Редакција