еМагазин
Image default
Македонија

САД разочарани од ЕУ по блокадата на датумот за преговори

Американскиот Стејт департмент изрази разочараност што Европскиот совет не ги прифати „многу силните реформски напори“ на Северна Македонија и Албанија и не постигна согласност за започнување пристапни преговори со двете земји.

„Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто би се спротивставила на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница“, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, по вчерашната одлука на Советот на ЕУ да го одложи стартот на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

Во соопштението се нагласува дека САД ја поддржуваат посветеноста на Северна Македонија и Албанија на трансатлантска интеграција и нивните аспирации за влез во Европската Унија и се изразува надеж дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за преговори со двете држави пред самитот ЕУ – Западен Балкан во мај идната година.

Стејт департментот посочува дека САД ќе останат стратешки партнер на Северна Македонија и Албанија се додека тие работат на зајакнување на владеењето на правото, справувањето со корупцијата, развојот на нивните економии и борбата против организираниот криминал.

„Ние ги охрабруваме двете држави да останат цврсто на патот на градењето на транспарентно, праведно и демократско општество во согласност со потребите на нивните граѓани. САД ќе продолжат да работат со европските партнери за да ги унапредат заедничките цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан“, се додава во соопштението на Стејт департментот по вчерашната одлука на лидерите на ЕУ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Главата горе Македонци: „Шугата“ е кај Макрон и ЕУ, време е сами да си ја средиме државата

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Конечно: Ништо од датум за преговори за Македонија, против биле Франција, Данска и Холандија

По изјавите на Макрон: Македонија веќе не треба да се надева на датум за преговори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дане Талески кандидат за амбасадор во НАТО

Редакција

Детален преглед: Македонските болници стануваат се попополни со заболени од Ковид-19

Редакција

Клиниките за кожни болести и за неврологија повторно стануваат ковид-центри, се отвара ковид оддел и во ГОБ „8 Септември”

Редакција