еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Садула, Латас, Тамара: Дотолчена разнишаната верба на Македонците во државата

Неколку последователни настани во изминативе 48 часа предизвикаа огромен број реакции во македонската јавност и придонесоа граѓаните уште толку да ја загубат довербата во функционалноста на државата.

Прв беше случајот со лошата интерпретација на македонската државна химна на приемот во Амбасадата на САД по повод 4. јули при што пејачката Тамара Тодевска „подзаборави“ на строфата во која се спомнуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Без оглед дали станува збор за ненамерен или намерен пропуст, реакциите во јавноста покажаа колкав е стресот кај македонските граѓани за националните прашања, што не треба да зачудува ако се земе предвид дека во 21 век нашиот сосед Бугарија се уште се обидува да го присвои ликот и делото на Гоце Делчев.

Потоа како „бомба“ одекна информацијата дека Драган Павловиќ Латас и неговите браќа се ослободени од обвиненијата што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во однос на нелегална изградба на викендици.

Граѓаните прашуваат зошто воопшто беше формирано СЈО ако досега нема праведна правна разврска или издржан предмет по отворените случаи, односно ниту еден од ВИП-политичарите и другите обвинети не отслужува казна и покрај донесените пресуди.

Како капак на се, се чини дека дојде поставувањето на Садула Дураки за вицепремиер во Владата.

Голем број граѓани овој потег го видоа како потврда на фијаското во кое се претвори владината реконструкција, која требаше да донесе освежување и да ја врати довербата на народот во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Како Гоце Делчев „исчезна“ од химната на Северна Македонија“: Тамара и македонската химна топ тема во регионов

(ВИДЕО) Како Тамара лани без „грешка“ ја интонираше македонската химна

„Извинете што Ве апсевме“: Твитер реакции за одлуката на судот дека Латас е невин

СЈО ќе поднесе жалба за пресудата за Латас и неговите браќа

Садула Дураки ем министер ем вицепремиер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари за плати и надоместоци му се исплатени на менаџментот на Скопски пазар лани

Редакција

Сите детали: Обвинителството бара притвор за девојката вмешана во убиството на Пинета Секондо

Редакција

ДИК: До 19 часот излезноста 45,77 проценти

Редакција