еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Саемот „Купи куќа, купи стан“ трае до денеска: Може да се добијат субвенции и до 20.830 евра

Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Со новите модели, проектот ги таргетира и младите и повозрасните граѓани, и оние кои се во брак и оние кои не се.

Сите граѓани кои сакаат да аплицираат за проектот можат на едно место да се информираат и од Министерството за финансии и од банките и од градежните компани на саемот „Купи куќа,купи стан“ кој се одржува до денеска во Скопје Сити Мол.

Најважно во измените е што е намалена  каматната стапка на проектот на 2,9% за првите три години и на 3,9% за четвртата и петтата година. Ова се меѓу најповолните услови во моментот на пазарот. Само по овој основ граѓаните заштедуваат 1.300 евра на камати.

-На пример, кај новиот модел „Купи стан за млади“ за клиенти со возраст до 35 години со новите каматни стапки и субвенција од 70% од ратата за првите 5 години што ја дава државата за станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, бенефитот за клиентот на кракј на периодот на отплатата е како да земал станбен кредит со 0,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години.

Во оваа ера кога милениумците копнеат по самостојност и независност ова е извонредна можност за исполнување на нивната желба, изјави Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација.

Од Градежната комора при сојузот на Стопански комори нагласија дека го поддржуваат проектот уште од самиот почеток и дека овој проект е поддршка за градежништвото.

– Од почеток на проектот Комората го поддржува и учествува во работењето на проектот. На барање на Градежната комора кое беше адресирано до Министерството за финансии со цел да продолжи повластаената стапка за ДДВ за нови станови наидовме на разбирање од страна на Министерството за финансии и Владата и продолжен е до 31 декември до 2023. Тоа е една од поволностите која ги интересира граѓаните, изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува повеќе нови модели кои имаат поволни услови за младите до 35 години, но и за граѓаните со возраст над 35 години.

Преку моделот „Купи стан за млади“ за граѓани до 35 години, државата субвенционира 70% од месечната рата од кредитот во рок од 5 години или 70% од учеството, а субвенцијата која може да се добие преку овој модел е и до 12.000 евра.

За младите има и модел „Купи куќа за млади“ каде се субвенционира 100% од учеството за кредит или 11 години се субвенционира ратата и тоа 60% првите три години, 50% следните пет години и 40% следните три години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 20.830 евра, која е и најголемата субвенција која се нуди преку овој проект.

За граѓаните над 35 години има модели како „Купи куќа за над 35 години“ каде државата субвенционира 80% за учеството за куќа, или 80% од ратата во првите 5 години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 13.600 евра.

Има модели и со кои се поддржува надградба или доградба на куќа. Концептот е разработен, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.

Уште една новина е дека за секое новородено или посвоено дете во првите десет години од користење на кредитот се предвидува дополнителна едногодишна субвенција од 30% од ратата. Оваа мерка е во насока на поттикнување на наталитетот во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските текстилни конфекции се соочуваат со намалени нарачки и отпуштања на работници

Редакција

Од утре зголемување на цената на парно греењето во Скопје за 14,05%

Редакција

Трошоците на живот во јуни поголеми за 2,7 отсто, а цените на мало за четири

Редакција