еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Саем на австралиско образование: „Гледај во иднината – студирај во Австралија“

Агенцијата за образование Future Option (www.futureoption.net/mk) ве повикува на Саемот на австралиско образование 2018 „Гледај во иднината – студирај во Австралија“ кој ќе биде организиран во Скопје на 25.10.2018 во City Hall CENTER од 16:00 – 18:30.

Одличниот образовен систем и високиот животен стандард од година во година ја прават Австралија сè попопуларна дестинација за меѓународни студенти. Растечката економија, преубавата клима и градовите како што се Мелбурн, Сиднеј, Перт, кои секоја година се избирани меѓу топ десетте најдобри градови за живот во светот, ја сместуваат Австралија на трето место по бројот на странски студенти во светот.

Присутните на саемот ќе имаат можност да дознаат сè за опциите и условите за студирање во Австралија, да ги слушнат искуствата на студентите од целиот регион кои завршиле или моментално се наоѓаат на студии во Австралија и да разговараат директно со претставниците на австралиските образовни институции кои ќе бидат присутни.

Освен важните информации за постапката и условите за упис, посетителите ќе имаат можност да се информираат за добивањето на студентска виза, за студентскиот живот, работата за време на студирањето и за австралиската култура и начин на живот.

Влезот на саемот е бесплатен, но регистрацијата е задолжителна поради ограничениот број на места.

Линк за регистрација: futureoption.net/mk/avstralija.

Саемот го организира агенцијата Future Option, која долги години успешно посредува во процесот за добивање на австралиска виза.

Во претходните години им помогнаа на голем број студенти од целиот регион да најдат соодветни студии во Австралија и ги водевме низ целата постапка од уписот до апликацијата за виза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје пулсираше во ритамот на културата: 19. „Бела ноќ“ ги наполни културните јадра

Редакција

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град Скопје

Редакција

(Фото) Жените од Шуто Оризари конечно добија матичен гинеколог

Редакција