еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Сакајќи да заработат на коронавирусот купиле 17.700 шишиња антисептик за раце

Браќата Мет и Ноа Колвин на 1 март, еден ден откако беше забележана првата жртва во САД од коронавирусот седнале во својот џип да купат рачен антисептик, објави Yahoo news.

Првиот ден ги испразниле рафтовите во локалните продавници во Чатануга, Тенеси, а во наредните три дена извозеле 1.300 милји до Кентаки и по пат купувале антисептик, антибактериски марамици и други средства за дезинфекција каде што ќе стигнат.

Тие сакале да заработат на очекуваната криза и нивниот план првично се покажал како успешен. Имено, преку „Амазон“ продале 300 шишиња рачен антисептик по цена од 8 до 70 долари за шише.

Но, веќе наредниот ден „Амазон“, „И-беј“ и останатите сервиси за онлајн продажба ги отстраниле од своите сајтови сите понуди за продажба на хигиенски намирници и маски кои се продавале по енормни цени и ги предупредиле сите останати дека ќе бидат отстранети и дека ќе ги изгубат нивните акаунти доколку се обидуваат да заработат на пандемијата од коронавирусот.

Сега, Мет и неговиот брат во гаражата имаат „еден тон“ залихи од хигиенски средства кои немаат каде да ги продадат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари

Аптеките со објаснување зошто се зголемени цените на маските

Аптеките ќе бидат казнети ако неосновано ги зголемиле цените на маските и на средствата за дезинфекција

Фото:Yahoo news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Враќање во 20 век: Антени повторно на терасите за „скромна“ ТВ програма?

Редакција

На дното: Пет најниски просечни плати во Македонија

Редакција

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

Редакција