еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сакаат ли Села и Касами да бидат обележани како главна пречка за влез на Македонија во НАТО?

Алијансата на Албанците на Зијадин Села и Беса на Биљал Касами, сакаат Македонија да ја видат во НАТО и ЕУ, но кога дојде време да покажат колку тоа многу го сакаат, „играат“ некоја друга игра.

Пред финалето на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, кој е вратата на Македонија за НАТО и ЕУ, излегоа со неразумни барања, кои ги провоцираат Македонците, но го доведуваат во прашање и ставот на пратениците од Независната пратеничка група, која ја сочинуваат пратениците кои беа исклучени од ВМРО ДПМНЕ и еден пратеник од Социјалистичката партија, чиј главен услов и тие да го дадат својот глас е со уставните измени дополнително да се „бетонира“ македонскиот идентитет.

Дали Села и Касами сакаат да бидат обележани дека тие се главните виновници што на Македонија пак ќе и „избега“ НАТО или „играта“ е да се „ќари“ колку се може, ќе биде јасно деновиве.

Според најавите денеска треба да се одржи втора средба помеѓу преставници на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и преставници на раководството на Беса.

Детали како поминала претходната средба помеѓу премиерот Зоран Заев и Касами не беа соопштени.

Најава пак за средба на Заев и Села се уште нема, но од Алијансата за Албанците информираа дека нивниот лидер ќе се сретне со шефот на Канцеларијата на НАТО за врски со Македонија, амбасадорот Зоран Јанковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорги Спасов: Касами и Села не ја гледаат големата слика

Во Собранието утре почнува финалето на промена на Уставот: Ќе има ли дво-третинско мнозинство?

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мадона го „прележела“ коронавирусот: Мислев дека имам грип

Редакција

Лавров и Блинкен на едно место: Во Скопје денеска почнува Самитот на ОБСЕ

Редакција

Фрчат огласи за државни вработувања додека се бара лек за вишокот во администрацијата

Редакција