еМагазин
Image default
Локално

Сакал да им ја запали куќата на роднините

На 19.09.2018 година околу 15.00 часот во с.Кадино, скопско, било пријавено дека во дворот од куќата сопственост на С.Ѓ.(48), И.В.(42) од с.Кадино, со кој се во роднинска врска и со нарушени меѓусебни односи, дошол со канта бензин и ја запалил кантата за ѓубре, по што пожарот ја зафатил и плевната, која била делумно опожарена, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од месното население и екипа на Бригадата за противожарна заштита. Повредени лица нема, а И.В. бил лишен од слобода и кај него бил пронајден еден гасен пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Се запали Универзална сала, пожарот локализиран

Редакција

Вчера имало 33 пожари, активни седум од вчерашните и четири нови од утрово

Редакција

Двајца мажи се обиделе да силуваат вработена во обложувалница во Струга

Редакција