еМагазин
Image default
Локално

Сакале да изнесат 20 ќеси со марихуана преку границата кај Стар Дојран

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин, информира МВР.

Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 ќеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две гранати од Првата светска војна пронајдени при ископ во Битола

Редакција

Несекојдневна измама: Скопјанец преку социјални мрежи „продавал“ бела техника

Редакција

Жител на Мешеишта опожарил две возила на припадници на Шумската полиција

Редакција