еМагазин
Image default
Техно

Само третина од интернет корисниците купуваат онлајн

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, 79.3 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 70.4 % во 2018 година.

Во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79.2 %, а 68.7 % го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (91.8 %), а 74.9 % од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа.

Само 31.6 % од лицата кои употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството (54.9 %) од нив купиле облека или спортска опрема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промотивна понуда од А1 Македонија: А1 MyKi, детскиот смарт часовник, со намалена месечна претплата и детски тротинет

Редакција

Бидете подготвени за лето со Samsung и Sport Vision

Редакција

Kако да се регистрирате на Националниот портал за електронски услуги, за да вадите документи онлајн

Редакција