еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Затвореник од Идризово „глумел“ директор и нарачувал стока преку телефон

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, информира МВР.

Пријавениот – осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картичка, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

На 28.05.2018 пријавениот со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти, лажно претставувајќи се дека е вработен како менаџер за набавка во фирма и во име на истата врши нарачка и набавка на трговска стока, ги довел и одржувал во заблуда одговорното лице во оштетената фирма од с.Вруток и одговорното лице на Подружницата на оштетената фирма и ги навел да му ја испорачаат нарачаната трговска стока во износ од 100.800 денари, која пријавениот не ја платил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичнa пријава за полицаец кој физички малтретирал приведена жена

Редакција

Жена од Росоман по расправија со сопругот, го избодела со нож

Редакција

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Редакција