еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Самсоненко заминува од РК Вардар: Приходот на клубот не е ни 10 проценти од она што го давам

Првиот човек на машкиот ракометен клуб Вардар, Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот.

„Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар.

Од седумте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити.

Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5.000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот.

Приходот кој ракометниот клуб го има од страна на Европската Ракометна Федерација и од спонзори изминативе години не е ни 10% од буџетот кој јас го давам годишно. Добив премногу ветувања дека за кратко ќе добијам помош за ракометот, но еве веќе како што напоменав измина и седмата година и таа помош ја нема.

Ова е причината поради која јас од следната сезона не сум во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардар.

Во изминатите години РК Вардар како симбол на државата доминира во спортот. Вардар е, и ќе биде национална гордост за секој граѓанин. Вардар стана европски првак во машка конкуренција во ЛШ во 2017 година и на нашата земја ѝ го донесе европското злато.

„Црвено-црните” како што не нарекуваат ја освоија европската круна во Келн, и никогаш нема да заборавам ниту јас ниту сите граѓани како во Скопје не пречекаа илјадници луѓе и се поклонија за успехот на ракометарите.

Да не заборавиме дека 6 сезони во ЖРК Вардар донесоа: 6 првенствени титули, 5 купови на РМ, 5 учества во лигата на шампиони од кои три пати Европска бронза и двапати го освоивме второто место.

Шест сезони во РК Вардар донесоа: 4 првенствени титули, 5 купови на РМ, 2 супер купа на РМ, 4 регионални СЕХА титули, едно изгубено полуфинале во Лигата на шампионите и титулата со непроценливо значење, освојувачи на ЛШ во 2017 година.

Заради сето ова погоре со ова мое искрено писмо отворено Ги повикувам сите македонски бизнисмени да дојдат и да се приклучат кон финансирањето на Ракометниот клуб. Вардар е едната радост на нашата земја! Се надевам дека ова ќе допре до Вашите срца и заедно ќе ја сочуваме нашата гордост“, се вели во соопштението од „Вардар“, потпишано од Самсоненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ракометниот клуб Вардар во загуба од 1,2 милиони евра

Фото: РК Вардар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за свадбите ќе има протокол како ќе се организираат, согласно препораките за заштита од корона вирусот

Редакција

Корона вирусот засега на зелените пазари ги накачи цените на лимоните и кромидот

Редакција

Во Охрид почнува Преспа форум за дијалог: Кој се доаѓа во Македонија

Редакција