еМагазин
Image default
Техно

Самсунг и Мајкрософт: Далечинскиот пристап при работењето е во пораст

Дури 42% од вработените поминуваат повеќе од три часа дневно работејќи на своите мобилни телефони, додека кај миленијалците тој процент е поголем и достигнува 52% – резултати на аналитичката компанија CSS Insight.

Корисниците на кои мобилниот телефон им е примарен уред се сѐ поголем дел од работната сила, па побарувачката за неограничена поврзаност е во пораст.

За да ги исполнат своите барања на современиот бизнис, компанијата Samsung Electronics го прошири своето стратешко партнертво со Microsoft со цел да им помогнат на луѓето да бидат што е можно повеќе продуктивни на секој уред што го користат, каде и да се наоѓаат.

Еден од водечките трендови во современиот свет на бизнисот е преместување на работата надвор од канцеларија, а мобилните телефони и лаптопи сѐ повеќе ја преземаат улогата на подвижно работно место, која им овозможува на корисниците да останат вмрежени и фокусирани на своите обврски.

Почнувајќи од ексклузивната интеграција на Microsoft со склоп на новиот Galaxy Note10 уред, тие сега ќе имаат едноставен начин за непречена работа помеѓу смартфон и компјутер, додека со тукушто претставениот Galaxy Book S лаптоп се обезбедува целосно ново искуство на работа на компјутер со неприкосновена мобилност и перформанси на новите генерации.

„Веруваме дека индустријата на мобилните телефони е на врв на трансформација, во која уредите овозможуваат неограничено и континуирано вмрежување, каде и да се наоѓаме. Отворената соработка, како што е партнерството со компанијата Microsoft, е клучна за пионерските потфати во создавање на мобилни искуства од наредната генерација,“ рече DJ Koh, претседател и извршен директор на IT и мобилна комуникација во компанијата Samsung Electronics.

„Како што новата технологија како 5G станува реалност, така нашето партнерство ќе има уште повеќе важна улога во целта да им се овозможи на луѓето да живеат повеќе динамично и флексибилно.“

„Нашата амбиција е да им помогнеме на луѓето да бидат што е можно повеќе продуктивни на секој уред кој го користат, каде и да се наоѓаат – а комбинацијата на нашето искуство со моќните уреди на Samsung го претвора истото во реалност“, изјави Сатја Надела, извршен директор на компанијата Microsoft.

Потрошувачите живеат и работат користејќи повеќе уреди и потребата за подобра и полесна поврзаност е очигледна. Денешниот начин на поврзување на уредите е често поделен – корисниците на PC мора да ја прекинат својата работа за да го погледнат телефонот или отворат апликација и испратат фотографија, видео или фајлови на својот компјутер.

Наместо тоа, корисниците сакаат свет во кој нивните фајлови се синхронизираат автоматски, за да можат да започнат проект на еден уред и да продолжат на друг, без прекин.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставен Samsung Galaxy S20: Променете го начинот на кој што го доживувате светот

Редакција

Македонски Телеком ќе додели педесет фудбалски стипендии за талентирани деца

Редакција

Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy

Редакција