еМагазин
Image default
Македонија

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет

Актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, е реизбран на таа функција.

На денешните непосредни и тајни избори, членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот му доверија нов, тригодишен мандат на Коруновски и предност наспроти неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски.

Како што е познато, актуелниот и новоизбран ректор Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.

Бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови.

Постапката за избор на ректор беше во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

МИА/Фото: Фејсбук/Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Реновирани операционите сали на одделението за ортопедија на клиниката за ТОАРИЛУЦ

Редакција

Судијката Весна Димишкова повикана во Обвинителство за „Рекет“

Редакција

Хисни Исмаили ја напушти Алтернатива, партијата остана со двајца пратеници

Редакција