еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

Како гром од ведро небо одекна веста за апсењето на поранешниот прв разузнувач и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, кој е прв братучед на експремиерот и сега веќе политички азилант Никола Груевски.

Апсењето на Мијалков доаѓа истиот ден откако Груевски објави дека добил политички азил во Унгарија, што го отвара прашањето дали надлежните имале сознанија дека тој исто така подготвува бегство или пак апсењето е обид да се сврти вниманието на јавноста од големиот срам што го доживеаа Владата и меѓународниот фактор, бидејќи дозволија бегство и азил на Груевски.

Не треба да се заборави дека довчерашната матична партија на Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ го избрка од своите редови со обвинување дека влијаел врз пратениците да гласаат за уставните измени односно за прифаќање на договорот од Преспа.

Во јавноста се шпекулираше дека тоа е визата за неговата слобода, но сега со притворот ваквите тврдења паѓаат во вода. Сега прашање е како тоа ќе влијае врз уставното мнозинство односно дали Владата се уште ќе задржи осумдесет пратеници, а посебно откако премиерот Зоран Заев неодамна искажа загриженост по ова прашање.

Како и да е, останува впечатокот дека Мијалков сега е „изигран“ од двете најголеми партии, но сепак останува да се види каков ќе биде судскиот епилог во случаите каде што е осомничен „началникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

„Беше најмоќен човек во Македонија, а сега му се заканува затвор“: Веста за притворањето на Мијалков одекна во регионалните медиуми

„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков

За Мицкоски, Мијалков е „затворена книга“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 нуди 143 илјади евра гаранција во имот за поблага казна од притвор

Редакција

Престанува забраната за одржување спортски натпревари: Ќе се игра без публика

Редакција

Детален преглед по градови: За една недела пораст од 34,9% на новозаболени од Ковид-19

Редакција