еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Сава пензија плус е прв формиран доброволен пензиски фонд во Република Северна Македонија, со дозвола за управување добиена во 2009 година. Првата уплата на доброволен пензиски придонес била реализирана пред точно 10 години на 15.07.2009 година.

Доброволното пензиско осигурување кое го нуди Сава пензиско друштво а.д. Скопје за индивидуално членување и професионално членување преку компании, е високо регулиран финансиски производ на пазарот кој овозможува долгорочно штедење на средства за дополнување на идната пензија.

Штедењето во доброволен пензиски фонд или таканаречен трет пензиски столб е дополнително стимулирано од државата преку даночни бенефиции.

Во текот на овие 10 години работење 10.308 членови искажаа доверба дел од своите заштеди да ги вложат во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Нивните заштедени пари заедно со остварениот принос од вложувањата достигнаа нето вредност 859,36 милиони денари.

Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје се особено горди на постигнатиот просечен годишен приносостварен од инвестирање на средствата уплатени од страна на членовите за минатите седум години (од 30.06.2012 до 30.06.2019) кој изнесува 6,38% номиналенодносно 5,47% реален.

 „Досегашниот остварен принос е резултат на соодветно поставената Стратегија за инвестирање која се реализира преку избор на квалитетни финансиски инструменти и напредни техники на управување со портфолио и управуање со ризици од страна на нашиот стручен тим на професионалци.

Средствата на пензискиот фонд, покрај во домашни обврзници и депозити во домашни банки се инвестирани во квалитетни странски и домашни компании со добри долгорочни перспективи, висока профитабилност и солидни дивидендни приноси. 

Визијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е да биде препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина“, по повод јубилејот изјави Мира Шекутковска, претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Покрај управувањето со првиот доброволен пензиски фонд, Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува и со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, со средства под управување на 30.06.2019 година од 32.943,68 милиони денари (над 500 милиони евра) и со 238.732 членови.

Друштвото е членка на словенечката Сава Осигурителна Групација која брои 22 членки од осигурителниот бизнис и бизнисот со управување со средства, а во Македонија, покрај Сава пензиско друштво а.д. Скопје, дел од Групацијата е и Сава Осигурување АД Скопје. Официјален деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е и НЛБ Банка АД Скопје.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетово доби Роса школа за доење – донација од Пивара Скопје и Министерството за здравство

Редакција

(Фото) Како ќе изгледа накитот „Флора вс Фауна“ кој утре ќе биде изложен во Природно-научниот музеј

Редакција

Заокружете го 30. ноември – МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“

Редакција