еМагазин
Image default
Македонија

Савески го изгуби судскиот спор против Левица: Апасиев останува единствен правен застапник на партијата

Изминатиот период, откако една мала група од поранешното раководство на Левица потпаднати под подлите манипулации, саботажи и фалсификати на Здравко Савески неуспешно се обиде да ја заузда антивладината критика, како еден од главните фокуси на нашата партија, започна да создава внатрешни тензии и опструкции кои го минираа целокупното фунционирање на Левица, велат од Левица.

„Сепак, ваквиот координиран обид од страна на оваа теснограда фракционерска група, која поради свои поедини лични бенифиции и потрага по конфор се обиде да ја компромитира антивладината позиција и зацртаната политичка траекторија на Партијата, беше пресретнат од страна на актуелното легитимно и легално раководство.

Со поддршка на базата и поширокото членство на Левица ваквиот обид успешно беше превениран и на овие компромитирани членови им беше замрзнато членството.

Но, оваа маргинална и идеолошки застранета група – заглибена во намерите за додворување кон политичкиот естаблишмент и со поданички обзир спрема НГО сентиментот – покрај обидите бескурпулозно да се пресмета со актуелниот Президиум на Левица, покрена и тужба за промена на правниот застапник на Партијата, која после неколку одржани рочишта, мериторно им беше одбиена од страна на Основниот суд Скопје II“, се вели во соопштението на Левица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.259 случаи на Ковид-19 од 4.555 тестирања

Редакција

Талат Џафери не гласал, го немало на избирачкиот список

Редакција

Милевски: Договорот Заев – Гаши е направен со одредена уцена, ако ние излеземе од Владата ќе има нови избори

Редакција