еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Цела децeнија Мицкоски молчеше за црнила кои 11 години ја уништуваа Македонија

Граѓаните вечерва видоа уште едно бледо и конфузно издание на Христијан Мицкоски, очаен во обидите да го одбрани криминалот на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема Мицкоски ниту една идеја, нема ниту еден предлог, нема план, програма, не може да понуди ништо кое би имало значење за подобар живот на граѓаните, за интересите на државата.

Фокусот на Мицкоски повторно е на судството и на обвинителите. Тоа потврдува дека единствената агенда, единственото нешто за коешто се грижи Мицкоски е одбрана на криминалот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

На раб на очај се обидите на Мицкоски да го покрие своето учество во криминалните шеми и криминалното владеење на режимот на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се вели дека „токму Мицкоски бил лева рака на Груевски и во партијата, во криминалната ВМРО-ДПМНЕ бил генерален секретар.“

„Цела децeнија Мицкоски молчеше за црнила кои 11 години ја уништуваа Македонија, ги осиромашија граѓаните а од земјава направија заробена држава. Тогаш бизнисот со хидроцентрали што му го додели токму Никола Груевски беше доволно светло за Мицкоски“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео од дрон) ВМРО ДПМНЕ повторно протестираше пред Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден позитивен случај и тројца оздравени од Ковид-19 во Берово

Редакција

Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, реагираат од Амбасадата на Русија

Редакција

Заев ќе бара од Касами поддршка на уставните измени

Редакција