еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ ги оцени изборите како слободни и демократски

По завршувањето на гласањето, шефот на Изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски изборите ги оцени како успешни, фер, слободни и демократски.

„Постигнат е цензус. Граѓаните пристапија одговорно пред одлуката за заедничка иднина. Масовно го искористија правото на глас и на мирен и достоинствен начин го избраа петтиот претседател“, рече Кирацовски и додаде дека инситутициите покажаа капацитет изборниот ден да помине во најдобар ред.

Кирацовски додаде дека според првичните тенденции Стево Пендаровски е во водство и се очекува победа.

Тој очекува и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирно спроведените избори и да не бараат оправдување за поразот преку лажни вести за извесни нерегуларности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за сериозен инженеринг

ДУИ: Граѓаните не дозволија кризни и злонамерени сценарија за државата и за Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска со прекршочна за новиот директор на МЕПСО, Рамадани, бара мерки и за министерот Хоџа

Редакција

(Видео) Почна со работа финансискиот центар во Истанбул: Њујорк, Лондон и Дубаи добија конкуренција

Редакција

Во последните три дена регистрирани 147 нови случаи на Ковид-19 од 3.722 тестови

Редакција