еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ го менува Извршниот, кој се е во Централниот одбор?

На последната седница на Централниот одбор на владејачката СДСМ, беше разрешен целиот Извршен одбор на партијата, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координaторката на Форумот на жени.

Според одлуката разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Кои ќе бидат новите членови на Извршниот одбор на партијата ќе биде познато деновиве, најави лидерот на партијата Зоран Заев.

Кој е во Централниот одбор на СДСМ?

Централниот одбор на СДСМ има 117 членови, според информацијата објавена на официјалната страна на партијата.

Од имињата повеќе познати во јавноста во Централниот одбор на партијата се и Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, министерката за правда Рената Дескоска, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пратеникот Хари Локвенец

Целата листа, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава моќ има Заев во партијата, што пишува во Статутот на СДСМ?

Кој е Љупчо Николовски, новиот генерален секретар на СДСМ 

Спасовски, Шилегов, Бочварски, Манчевски, Зекири, Ременски „лоши“ за СДСМ, а за граѓаните?

Станува ли СДСМ партија на Зоран Заев?: Наместо институционална метла, казна за лошите изборни резултати

„Што ми мењава смената на Кирацовски мене кога на платформата на Матка влакно не и фали“: Твитер се „збогува“ со Кирац

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

YFA Automotiv ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња во Бунарџик

Редакција

Беспилотното летало, кое се урна во Загреб, носело бомба од 120 килограми која експлодирала под земја

Редакција

Месната индустрија бара да продолжи ослободувањето од царина на свинското месо, во спротивно следат повисоки цени

Редакција