еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Граѓаните на референдумот гласаат слободно, без притисоци и без закани

Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го користат своето демократско право да одлучуваат за иднината.

Лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани и од Државната изборна комисија, којашто потврди дека референдумот се спроведува слободно и демократски.

По деценија злоупотреби на институциите, по деценија притисоци, уцени и закани врз граѓаните и погазување на нивните права, ВМРО-ДПМНЕ, не знае што е фер, демократско и слободно изјасување во фер и демократски услови.

Граѓаните на денешниот референдум гласаат слободно, без притисоци и без закани, во слободна и демократска атмосфера.“, велат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственикот на „ДоказМ“, Стаменковски повторно хоспитализиран

Редакција

Хан за МИА: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении

Редакција

Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „Доказ“ за изземање на скопското ОЈО

Редакција