еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) СДСМ и Беса ја создадоа првата македонско-албанска предизборна коалиција

СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Лидерите на СДСМ и на Беса, Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата. Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април.

Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

🔴 Во живо: Заеднички настан на СДСМ со Движењето БЕСА.

🔴 Во живо: Заеднички настан на СДСМ со Движењето БЕСА.

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Четврток, 27 февруари 2020

„Движењето БЕСА е првата албанска партија, која го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции.

Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

„Но ова е еден посебен чин, нов историски момент за демократијата и за плурализмот. СДСМ денеска ја објавува предизборната коалиција со Движењето на БЕСА. Со овој наш чекор го чекор мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија го претпочивме во конкретна програма“, рече Заев.

Додаде дека работат на градење општество кое се крепи на еднаквост, правичност, општество за младите, старите, за Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, жените, мажите… Најави дека се сигурни победници на 12 април.

„И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозни и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти“, рече Заев.

Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

„Денеска е важен и историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја“, рече лидерот на БЕСА.

Нагласи дека со денешниот договор меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, очекуваат албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат активен член на владејачката коалиција.

„Оваа коалиција е продолжение на возот на НАТО, кој ќе не зачлени и во ЕУ“, додаде Касами.

МИА/Фото/Видео: Фејсбук/СДСМ/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 90 гласа „за“ Собранието ги усвои измените на Законот за минимална плата

Редакција

(Фото) Најдобрите модели за 2022 во Моделс Ин Менаџмент 

Редакција

Уапсено осомничено лице кое ги испратило заканувачките писма кон обвинителите Јовески и Русковска

Редакција