еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како една партија во однос на даночните политики

Не стивнуваат реакциите откако Владата реши да ја стави во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход во наредните три години со што се враќа рамниот данок кој го воведе Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2007 година.

Сега, наместо прогресивно оданочување или таканаречениот праведен данок доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти.

Истата стапка ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

Попусти се објаснувањата на Владата дека верува во праведно општество и верува во придобивките на прогресивниот данок на доход, како и дека останува на ставот дека прогресивен данок може да ја подобри распределбата на доходот во  системот, дека може да даде добри општествени ефекти и да резултира со поправедно и поразвиено општество.

Очигледно е дека мерката се носи во пресрет на престојните избори, а со цел да се придобијат лицата со малку повисоки примања кои најмногу беа погодени од таканареченото прогресивно оданочување.

Интересно е што и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своите јавни настапи деновиве најавува враќање на рамниот данок, така што кога се во прашање даночните политики двете партии очигледно се на иста линија.

Тоа е добро за граѓаните бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе мораат во своите изборни кампањи да смислат дополнителни мерки за подигнување на стандардот и подобрување на живеачката во земјава со кои би придобиле повеќе гласачи на престојните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Заев го бранеше прогресивниот данок

Груевски го пофали Заев за враќање на рамниот данок

Анѓушев: Немав никакво влијание за “замрзнување“ на прогресивниот данок

Тевдовски до пратениците на СДСМ: Ако го укинете прогресивниот данок не сте социјалдемократи

„Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци“, вели Јовановиќ за пролонгирањето на прогресивниот данок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на електронски билети вреден 573.000 евра

Редакција

Во Врање лани вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

Редакција

Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи

Редакција