еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за „Мој ДДВ“: Популизам или успешна политика?

Се скараа двете најголеми политички партии владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу проектот „Мој ДДВ“ со кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од данокот на додадена вредност. Интересно е што меѓу другото сега опозицијата обвинува за популизам.

„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Тече реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните. Проектот „Мој ДДВ“ кој започна на 1 јули оваа година дава одлични резултати.

Според последните информации на УЈП, за 24 дена од поставувањето, апликацијата ја имаат преземено околу 135.000 лица, а при тоа скенирани се над 5 милиони фискални сметки.

Вредноста на скенираните сметки е над 2,5 милијарди денари, а пресметаниот ДДВ за враќање на граѓаните е над 44 милиони денари. За првпат државата враќа пари директно кај граѓаните на нивните трансакциски сметки.

Ако претходно граѓаните имале само давачки кон државата, денес со водење на одговорни економски политики придобивките се двострани, добиваат и граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ на тоа реплицираа дека македонската економија го допрела дното откако СДСМ дојде на власт, како и дека мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите.

„Мерката „Мој ДДВ“ не е наменета за сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1.872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев.

Ако навистина оваа Влада се грижи за граѓаните на Република Македонија најмалку што можат да направат е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции.

На граѓаните не им се потребни популистички мерки туку реални. А, со СДСМ граѓаните само осиромашуваат. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремени парламентарни избори ќе започне реализација на реални мерки кои ќе допридонесат за доброто на Македонија и граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„МојДДВ“: Дали повратот на ДДВ може да се направи и на добрата и услугите со 5% ДДВ?

„Мој ДДВ“: Дали има ограничување до која сума може да се скенираат фискалните сметки?

УЈП разјасни повеќе нејаснотии околу враќањето ДДВ од фискални сметки

„Дојди, сама сум, ќе скенираме фискални“: Твитер реакции за повратот на ДДВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грците за „контраверзната“ изјава на Заев му се пожалиле и на Димитров

Редакција

И Локвенец потклекна под притисок на јавноста, ќе го следел примерот на Анѓушев

Редакција

Борисов: Се надевам дека догодина ќе го празнуваме Гоце Делчев заедно со нашите браќа од Северна Македонија

Редакција