еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Македонија е правна држава со независни судски инситуции, правда мора да има

Македонија е правна држава, законите важат за сите подеднакво и никој не е над законот ниту над правдата, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Судовите се независни институции кои работат согласно своите законски надлежности и нивните одлуки мора да се почитуваат од страна на сите граѓани. Правда мора да има. За секој оној за кој во законска и транспарентна судска постапка, се докажало дека ги прекршил законите врз основа на што има правосилна судска пресуда мора да понесе одговорност.

Обезбедувањето на правдата и еднакво важење на законите за сите, без разлика на политичка, верска или етничка припадност е клучно за секое демократско општество“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството” работи под директен диктат на Заев, човек аболициран за тежок криминал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев во Берлин на средба со Меркел и Макрон

Редакција

Откриени нови станови на Груевски, едниот е на име на секретарка

Редакција

(Видео) Приведени дилери во Скопје и Ресен: Едниот во обид да избега оштетил полициски возила и повредил двајца полицајци

Редакција