еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: „Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“, тоа е речникот на Мицкоски

„Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмалдокот на сопствената партија, се вели во реакцијата на СДСМ за обвинувањата од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на Годишната конференција на подмладокот.

„Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски.Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија.

Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот.Македонија живееше во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО…денес Македонија е на сигурна шина кон иднината и цврсто чекори кон НАТО и ЕУ, кон интеграција.

Црнила се тепњето на студентите од страна на режимот, експериментите во образованието и потценувањето на младите. Денеска младите се партнери на добрите политики, слободни, со јасна перспектива на земја која чекори кон иднина, кон НАТО и ЕУ.

Црнилата се 11 години намерно осиромашување на граѓаните од страна на  ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицковски, додека сега од ден на ден се намалува сиромаштијата и парите се враќаат назад кај граѓаните.

Црнилата беа малтретирањата на граѓаните и фирмите, „пиштење-вриштење„ со нарачни казни и затворање на фирмите, денеска казните се намалени за 75 отсто“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски пред подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ: Годината што изминува не е успешна, посегнаа по најсветото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.035 болни од Ковид-19

Редакција

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Редакција

Почнува јавната расправа во Апелацискиот суд за случајот „27 април“

Редакција