еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ реагира, но не ја демантира веста за вработувањето на мајката на Костадинов

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалноот и независно функционирање на институциите, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години кон институциите се однесуваше како да се нивни приватни компании кадешто се вработуваат само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку масовната партизација и притисоците врз вработените во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде партизирани институции во кои граѓаните не успеаваа да добијат професонален однос и навремени услуги.

Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните.
Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност.

Со реформите, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето на мајката на Костадин Костадинов во Централен регистар на Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 326 болни од Ковид-19

Редакција

Граѓаните не веруваат во ниту еден политичар, Мицкоски со најголем рејтинг: Анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков му побегна пред очи на Спасовски, оставка веднаш

Редакција