еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ со реакција за кандидатурата на Ѓорчев: Со години молчеше за криминалите на Груевски

Владимир Ѓорчев е првиот кандидат кој јавно обелодени дека сака да застане рамо до рамо со Христијан Мицкоски, против ЕУ и НАТО, да тргне по антизападните стапки на Груевски и Иванов, се вели во реакцијата на СДСМ за кандидатурата на Влатко Ѓорчев за претседател.

„Повеќе од 20 години Ѓорчев е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 20 години Ѓорчев ги премолчува сите криминални и погубни политики на неговата партија. Со години молчеше за криминалите на Груевски, денес молчи за антидржавното и антизападното однесување на неговиот шеф, Мицкоски. Можеби Јанко Бачев ќе биде еден од кандидатите?

На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, не им е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза и поделби заради одбрана на злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги штити нивните интереси и застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влатко Ѓорчев ќе се кандидира за претседател на Македонија

Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата

Двајца од десетте можни кандидатии за претседател на држвата, чии рејтинг го мери СДСМ се Албанци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари позитивен на Ковид-19

Редакција

Два нови случаи со Ковид-19 во штипска конфекција и два во детска градинка

Редакција

Како ВМРО-ДПМНЕ „спроведувал избори“: Продолжува судењето за „Титаник” на СЈО

Редакција